Волберг е роден во населбата Дорчестер, во Бостон, Масачусец, најмал од девет деца, со браќата и сестри по име, Артур, Џим, Пол, Роберт, Трејси, Мишел, Деби (почината во 2003 година на возраст од 44) и Дони. Тој има ирско, англиско, шведско и француско-канадско потекло. Неговата мајка, Алма Илејн (моминско Донели), била банкарска службеничка и помошник медицинска сестра а неговиот татко, Доналд Едвард Волберг, работел како возач на камиони. Неговите родители се развеле во 1982 година. Волберг израснал во католичко семејство и средното образование го стекнувал во Копли Сквер Хајскул на Њубури Стрит во Бостон (но никогаш не го завршил).
Напади и обвиненија
Вoлберг тврди дека кога бил млад, имал проблеми со бостонската полиција околу 20 – 25 пати. Пред да наполни 13 години, Волберг бил зависен од кокаин и други супстанци. На 15 годишна возраст, малтретирал група на деца со афро-американско потекло на екскурзија, фрлал камења по нив (предизвикувајќи повреди) и извикувајќи расистички епитети.
На 16 годишна возраст, Волберг се приближил до еден средовечен Виетнамец на улица и го онесвестил користејќи голем дрвен стап (извикувајќи „ебано витнамско гомно“), исто така нападнал и друг Виетнамец, кој го ослепил трајно на едното око, и извршил напад на стражар (повторно користејќи расистички говор).
За овие криминални дела, Волберг беше обвинет за обид за убиство, се изјасни виновен за напад, и беше осуден на две години затворска казна во бостонскиот поправен дом Дир Ајленд, од која отслужи 45 денови. Во друг инцидент 21 годишниот Волберг му ја скршил вилицата на својот сосед во неиспровоциран напад. Како коментар за своите минати криминални дела, Волберг во 2006 година изјави: „Сторив многу работи за кои зажалив и на затоа платив за моите грешки.“ Тој рече дека правилната работа што треба да ја направи е да се обиде да го најде слепиот човек и да смени се, и призна дека не направил така, но додаде дека повеќе не бил оптоварен со вина: Треба да отидеш и да бараш прошка, се додека не почна да ми оди добро и како што треба, тогаш почувствував како чувството на вина го снемува, како од другите луѓе така и од мене. Па немам проблем со заспивањето навечер. Се чувствувам добро кога се будам наутро.“
Откако „летна“ во затвор поради нападот, тој одлучи да се измени. Според Волберг, „Уште кога започнав да живеам со криминал, постојано имав еден глас во главата кој ми велеше дека ќе завршам во затвор. Тројца од моите браќа имаа лежено во затвор. Мојата сестра беше толку многу во затвор што не можам да избројам. На крај, бев таму, затворен со такви луѓе, како кои од секогаш сум сакал да бидам. Сега си ја заслужив затворската униформа и бев ист како нив, тогаш сфатив дека тоа не е воопшто тоа што го сакам. Завршив на најлошото замисливо место и никогаш не посакав да се вратам таму. Најпрвин требаше да научам да останам на добрата страна.“ Во неговата борба, Волберг најпрвин се потпре на водството на католички свештеник. Кажал на својата банда дека ги напушта и поради оваа имал „неколку сериозни караници“ со нив. Во 2009 година, актерот искоментира: „Имам направено многу грешки во мојот живот и имам направено лоши работи. Но никогаш не го обвинив моето воспитување за тоа. Никогаш не се однесував како жртва за да имам удобна причина да ги малтретирам другите. Сѐ што сторив погрешно,беше по моја вина. На млади години ја научив разликата меѓу добро и лошо. Целосно ја преземам одговорноста.
Кариера
Музика.
Волберг за прв пат се прослави како помлад брат на Дони Волберг од бој бендот, Њу кидс он да блок, кој беше успешен во 1980-тите и 1990-тите. На 13 години, Марк станал член на групата заедно со Дони, Дени Вуд, Џордан Најт и Џонатан Најт. Сепак, бил незаинтересиран во детскиот поп и пискаво чист имиџ на групата, па набргу се откажал. Неговото заминување овозможило Џо Мекантајар да стане петти член на групата.
Волберг започна да снима како Марки Марк енд да фанки банч, и го направи хитот "Гуд вајбрејшнс" од албумот Мјузик фор да пипол. Песната која подоцна стана хит бр.1 на Билборд Хот 100 а подоцна и официјално платинест сингл, беше испродуцирана од неговиот брат Дони. Вториот сингл "Уајалдсајд" го достигна петтото место на листата Билборд Хот Синглс Сејлс а десеттото место на Да Билборд Хот 100. Беше прогласен за златен сингл. Марки Марк настапи како загревање за Њу Кидс он да Блок за време на нивната последна турнеја. Вториот албум, Ју Гота Билив, не беше успешен како претходниот, правејќи само еден мал хит сингл. Волберг подоцна оствари соработка со реге пејачот Принс Итал Џо на албумот Лајф он да стритс. Проектот комбинираше рап и реге вокали со силна евроденс музика (како во сингловите Хепи Пипол - бр.1 во хит Германија, Лајф ин да стритс, и Бебилон) со поддршка од продуцентите Френк Петерсон и Алекс Кристенсен.
Марк исто така се појави во Блек Лејбел Сосајети, и нивниот спот за Каунтерфеит Год, како бас гитарист во бендот, сепак ова беше само една соработка а тој официјално никогаш не се приклучи на бендот.
Рекламирање
Волберг беше познат по својот физикус. Најпрвин го покажа во спотот на Гуд Вајбрејшнс а највидливо во серија на реклами за долна облека на Келвин Клајн фотографирани од Херб Ритс, следени од телевизиски реклами за Келвин Клајн. Промоциите во списанија или на телевизија понекогаш го прикажуваа ексклузивно Марк или во придружба на моделот Кејт Мос. Ени Лебовиц исто така направи позната сесија со Марк Волберг во долна облека за потребите на Венити Фер. Тој сними и видео за вежби насловено: Вежбањето на Марки Марк: Оформи ... Фокусирај ... Фитнес
Филмови
Тогаш Волберг ја започна својата актерска кариера, дебитирајќи во 1993 година во филмот "Замената" .Неговото големо деби на филмското платно се случи следната година, заедно со Дени де Вито во "Препороден човек" .Како љубител на кошарка, тој го привлече вниманието на критичарите по појавувањето во "Кошаркарските дневници" во 1995 година, во улогата на Мики заедно со Леонардо ди Каприо, во филмската адаптација на истоимената книга од Џим Керол. Во 1996 во играше "Страв" на Џејмс Фоли.
Тој доби многу позитивни критики по успешните филмови како "Вечери за забава" во улогата на Дирк Диглер, Тројца Кралеви, Совршената бура, Италијанска работа и Четири браќа. Негова изведба во "Го сакам Хакабис" беше изгласана за најдобра споредна улога за 2004 година во гласањето преку Вилиџ Војс. Волберг беше првично одбрана да ја игра улогата на Лајнус Калдвел во "Единаесеттемина на Оушн" меѓутоа Мет Дејмон ја играше улогата. Двајцата подоцна соработуваа во "Двојни игри" .Волберг бил исто така планиран за улога во "Планината Броукбек" .Првично бил планиран да глуми со Џоакин Финикс, но Волберг не се чувствувал пријатно за секс сцените во филмот па улогата отишла кај Џејк Гиленхал.
Тој доби многу позитивни критики по успешните филмови како "Вечери за забава" во улогата на Дирк Диглер, Тројца Кралеви, Совршената бура, Италијанска работа и Четири браќа. Негова изведба во "Го сакам Хакабис" беше изгласана за најдобра споредна улога за 2004 година во гласањето преку Вилиџ Војс. Волберг беше првично одбрана да ја игра улогата на Лајнус Калдвел во "Единаесеттемина на Оушн" меѓутоа Мет Дејмон ја играше улогата. Двајцата подоцна соработуваа во "Двојни игри" .Волберг бил исто така планиран за улога во "Планината Броукбек" .Првично бил планиран да глуми со Џоакин Финикс, но Волберг не се чувствувал пријатно за секс сцените во филмот па улогата отишла кај Џејк Гиленхал.
Во подготовките за филмот "Снајперист" Волберг следел обука за далечинско гаѓање во институтот за обука Фронт Сајт Фајерармс, кој се наоѓа во близина на Парумп, Невада, и успеал да погоди мета на далечина од околу 600 метри. На неговиот инструктор му биле потребни околу шест месеци за да го постигне тоа. Тој во неколку наврати изјави дека ќе се пензионира на 40 години и ќе се концентрира на родителствувањето и професионалниот голф. Сепак, на почетокот на 2007 година тој покажа дека тоа не е планот бидејќи "ужасно игра голф" .Ја играше улогата на Џек Салмон, главно улога во "Убавите коски" филм на Питер Џексон. Во 2007 ја играше главната улога во "Ја поседуваме ноќта" филм за семејство на полицајци во Њујорк. Во филмот учествуваа и Роберт Дувал и Ева Мендес.
Волберг ќе ја игра улогата на нарко босот Џон Робертс во римејкот на документарецот "Кокаински Каубои" кој ја раскажува приказната за најголемиот шверцер на кокаин во Мајами во 1970 1980-тите -тите и. Тој го убедил и Леонардо ди Каприо да ја игра споредната улога.
Тој ја играше главната улога на Елиот Мур во "Случувањето" на М.Најт.Шајамалан. Филмот ја имаше својата премиера на јуни 13, 2008 година. Истата година ја играше улогата на Макс Пејн во истоимениот филм, заснован на видео играта. За време на промовирањето на "Макс Пејн" Марк влезе во расправија со водителот на Сетардеј најт лајов, Енди Самберг и се закани дека ќе му го "пукне тој негов пискав нос". Самбер го имитираше Волберг во неговото шоу, насловувајќи го скечот "Марк Волберг зборува со животни". Сепак, Волберг подоцна се појави во сличен скеч во кој се исмеваше оригиналниот скеч на Самберг и заканите на Марк упатени кон него.
Приватен живот
Семејство и врски
Во раните 1990-ти, Волберг излегуваше со поранешната детска актерка Солил Мун Фраи .. Волберг и моделот Риа Дјурам се заедно од 2001 година а се венчаа на август 1, 2009 година во католичката црква Гуд Шепард во Беверли Хилс. Парот четири има деца, Ела Раи (родена на 2 септември, 2003 година) Мајкл Роберт (роден на март 21, 2006 година) Брендан Џозеф (септември роден на 16, 2008 година) и Грејс Маргарет (родена на 11 јануари, година 2010 година). Неговиот татко кој бил ветеран од Корејската војна, почина на Св. Валентин, февруари 14, 2008 година.
Религија
Волберг е посветен католик, присуствува на литургии, дава заслуга на верата и не свештеникот од неговото детство кој му помогнал да го промени својот живот. Тој ја признава сериозноста на неговата вера.
Добротворни акции
Како активен во добротворните акции, Волберг ја оформил Фондацијата за млади Марк Волберг [3] мај година 2001 година, која има за цел собирање и доставување на средства за програми наменети за младите.
Тетоважи
Волберг има четири тетоважи изработени од различни уметници вклучувајќи го и Пол Тиман. Тетоважите се: мачката Силвестер со Твити во неговата уста, направена на неговиот глужд; неговите иницијали МВ со Волберг низ нив направена на десното рамо; Боб Марли со Уан Лов направена на левото рамо. Последната тетоважа која му е најзначајна на Волберг, е бројаницата истетовирана околу неговиот врат, со крст и зборовите "Во Бога верувам" (Во Господ верувам) напишани на градите во пределот на срцето.
No comments:
Post a Comment